еМагазин
Image default
Македонија

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска доаѓа во Скопје

Поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас денеска пристигнува во Скопје, а во попладневните часови ќе има средба со премиерот Зоран Заев, соопштуваат од грчката опозициска партија.

Ципрас утре ќе учествува на Самитот на „Економист“,„Зајакнување на моментумот за европска интеграција“, посветен на Западен Балкан, а на посебна панел дискусија, заедно со Зоран Заев и Мартин Шулц ќе дебатираат за тоа „Кои се следните чекори за европска интеграција на Западен Балкан?“.

Претседателот на СИРИЗА, синоќа се обрати на крајот од тридневниот фестивал „Спутиник“, организиран од подмладокот на партијата, а во неговиот говор се осврна и на Договорот од Преспа, за кој рече дека е горд.

„Ние, пријателки и пријатели, ја вративме меѓународната слика на земјата. Се осмеливме да се отвориме кон нашите соседи, да спроведеме мултидимензионална надворешна политика на мир и соработка. Се осмеливме за Договорот од Преспа и горди сме, бидејќи затворивме голема рана за земјата, голема рана за Балканот, голема рана на нестабилност во нашиот регион“, рече Ципрас.

Поранешниот грчки премиер упати критики до актуелната влада дека како опозиција „на популистички, лицемерен и национално штетен начин го злоупотребила конкретното прашање“ за на товар на земјата да добијат гласови и додаде дека сега, преку ноќ го променија ставот па од „предавнички договор“, стана „договор што ќе го спроведеме и почитуваме“.

МИА/Фото: Фејсбук/Ципрас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Сали до Пановски, Даниловски и Марковски: Не е период за молење, сега е време на засукување ракави

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 780 пациенти заболени суспектни на Ковид-19

Редакција

34-годишник и неговата фирма ќе одговараат за злоупотреба на лични податоци на тројца лекари

Редакција