еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешниот претседател на ДИК, Деркоски, доби ослободителна пресуда за набавката на софтвер за следење на изборните резултати

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослободителна пресуда за поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски, кој беше обвинет за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Покрај Деркоски, ослободени од обвинение беа и тројцата вработени во ДИК и еден управител на економски оператор кои се товареа дека извршиле „злоупотреба на службена положба и овластување“ при спроведување на две јавни набавки со што го оштетиле Буџетот за 1.312.409 денари или околу 21 илјада евра.

Според Судечкиот совет, јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетите ги сториле делата за кои што се товарат.

Според обвинението, тројцата вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор Дуна ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови.

Процесот го водеше судијата Илија Трпков.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избран нов Управен и Надзорен одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија

Редакција

Во Грција на плажа ќе може и со руска и со кинеска вакцина

Редакција

(Галерија) Xiaomi отвори ексклузивна продавница во ГТЦ: Рекордни 400 посетители, најголем број во регионот

Силвана Жежова