Цветан Трипуновски како предлог на ВМРО-ДПМНЕ е новиот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката влада..
Работно искуство
Тој веќе има работено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник.
Претходно од 2015 до 2017 година ја извршувал и функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат, а во периодот од 2006 до 2008 година е прв човек на државната фитосанитарна лабораторија.
Политичка кариера
Трипуновски од 2008 година до 2012 година беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, а од 2017 година е и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Бил и помлад соработник во Град Скопје.
Образование
По струка е дипломиран земјоделски инженер, а моментно е и постдипломец на Земјоделскиот институт во Скопје.
Трипуновски приватно
Трипуновски е оженет и е татко на две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОРТРЕТ: Рашела Мизрахи, биохемичарката која стана министерка за труд и социјална политика
ПОРТРЕТ: Мила Царовска, од активиска до вицепремиерка за економски прашања
ПОРТРЕТ: Наќе Чулев, од оперативен разузнавач до технички министер за внатрешни работи
Фото: ВМРО-ДПМНЕ