еМагазин
Image default
Локално

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протестот за пресудата за „Монструм“

На 26.02.2021 (петок) со почеток во 13 часот ќе се одржи најавен јавен протест кој што  ќе започне во парк Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1 на бул. „Гоце Делчев“, Собрание на Република Северна Македонија на ул. „11-ти Октомври“ и Влада на Република Северна Македонија на бул. „Илинден“, соопшти МВР.

Станува збор за протест поради пресудата за случајот „Монструм“.

„Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици: ул.„Х.Т.Карпош“,ул. „Џон Кенеди“, ул. „Цветан Димов“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Гоце Делчев“,  ул. „11-ти Октомври“, ул. „Васил Главинов“, бул.„ ВМРО“, бул. „Илинден“ и други околни сообраќајници.

СВР Скопје апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, додаваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Информативна дебата за рудникот Иловица-Штука со локалното население

Редакција

Приведен скопјанец кој го „разбудил“ Трубарево

Редакција

Скопјанка пријавила дека тетин се обидел да и ги обљуби двете ќерки

Редакција