еМагазин
Image default
Бизнис

Поскапуваат горивата

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а за денар е повисока цената на Еуросупер БС-98, Еуродизелот (D-E V) и на Екстра лесното масло за домаќинства (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 67,5 денари за литар, 70 денари на Еуросупер БС 98, 62,5 денари на Еуродизел (Д-ЕV), а на екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 51,5 денари.

За 1,932 денари по килограм поскапува мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе се продава по цена од 37,339 денари за килограм.

Зголемувањето на цената на нафтените деривати во просек изнесува 2,25 проценти.

РКЕ ја донесе новата цена на горивата врз основа на цените на нафтените деривари на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анализа на „Пари“: Топ 10 аптеки кои лани оствариле најголем приход

Редакција

СОЗР на Владата склучи договор вреден 2,2 милиони евра за набавка на возила на лизинг

Редакција

„Аутомакедонија“ оствари добивка од 10,3 милиони денари

Редакција