еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По „бугарскиот кош“: Повелете, наведнати сме, има ли уште некој проблем со Македонците?

Не стивнуваат реакциите во македонската јавност откако Бугарија реши да го искомплицира евроинтегративниот процес на Македонија поставувајќи небулозни барања и оспорувајќи го македонскиот јазик, а со тоа и нашиот идентитет.

Со неверување и сомнеж во европските вредности Македонците во 21 век сведочат дека национализмот од некои минати времиња и денес живее на Балканот, но и во Европската Унија која очигледно покажува немоќ да ја води својата внатрешна и надворешна политика и е заложник на бизарните барања на една нејзина членка.

Македонија го реши спорот со Грција и го смени името на државата во Северна Македонија за да покаже дека е цврсто решена да продолжи по европскиот пат. Разликата меѓу проблемот со Грција и со Бугарија, е што Грците отворено се противеа околу решавањето на македонското прашање, а во вториот случај Софија на најподмолен начин го блокира евроинтегративниот процес откако првично потпиша договор за добрососедство, кој потоа самата го прекрши.

Со право се изливите на револт на македонските граѓани кон Бугарија со оглед на тоа што тамошната Влада реши да го користи национализмот за да ги закрви двата народи, а само за да не ја загуби владејачката позиција која се држи на стаклени нозе.

Македонските политичари сега треба добро да размислат дали би потпишувале некакви нови договори.

Секое потклекнување сега, ќе значи дека во иднина и доколку се јават „Марсовци“ со отворени прашања за Македонија и македонскиот народ можеби ќе треба да преговараме за тоа дали смееме да ја користиме буквата „М“ на почетокот на името на нашата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хит на Твитер: Македонците и фатија сеир на Захариева која го одбележа Денот против расизмот и антисемитизмот

Што прво прифатила, па одбила Бугарија: Објавен нон-пејперот од средбата на Димитров, Османи и Захариева во Берлин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Првата љубов на Заев му била од Горњи Милановац, а првата милионска заработка од сушени пиперки

Редакција

Носете вода и лесна облека, разладувајте се: Препораки за заштита од топлотниот бран

Редакција

Убава вест: Оздравени 60 заразени од Ковид-19, најмногу од Скопје

Редакција