еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Посредничка мисија: Утре во Скопје и Софија со предлог доаѓаат португалскиот министер Силва и еврокомесарот за проширување Вархеји

Европската Комисија најави дека утре еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантош Силва, ќе отпатуваат за Скопје и Софија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Премиерот Зоран Заев вчера од Брисел најави дека се подготвува ваква посета во пресрет на одлучувачкиот Совет за општи работи на ЕУ на 22 јуни кога ќе се одлучува за усвојување на преговарачката рамка и првата Меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија, со што би започнале и формално преговорите за членство во ЕУ, година и половина откако беа одобрени.

Утре наутро, Вархеји и Сантош ќе бидат во Софија каде што ќе се сретнат со бугарскиот претседател, Румен Радев, како и со премиерот и министерот за надворешни работи на техничката влада.

Попладнето ЕУ челниците ќе заминат за Скопје каде ќе остварат средба со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, и министерот за надворешни работи и вицепремиерот за европски прашања.

Вархеји и Сантош со себе носат предлог за деблокирање на ветото на Бугарија за Северна Македонија поради кое не може да се одобри формално одржувањето на првата Меѓувладина конференција.

Зоран Заев вчера за МИА изјави дека смета дека има доволно време да се постигне напредок на релација Скопје-Софија, но дека не сака ниту да ги зголемува очекувањата на граѓаните, бидејќи Бугарија и натаму располага со право за вето во Советот на ЕУ.

Доколку земјите членки на ЕУ постигнат согласност до 22 јуни за Северна Македонија и доколку преговарачката рамка ја задоволува и македонската страна, првата Меѓувладина конференција би можела да се одржи помеѓу 22 и 30 јуни годинава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лек за уништување на сите цврсти видови рак почна да се тестира на луѓе

Редакција

Убава вест: Вакцината на „Модерна„ за Ковид-19 е ефикасна 94,5%

Редакција

Од денеска почнува есента, првиот ден со дожд и ретки грмежи

Редакција