Она што го јадеме, пиеме и воопшто внесуваме во организмот е пресудно за тоа како се чувствуваме. Хранливата и енергетска храна и пијалаците ја даваат потребната енергија за да останеме витални, активни и во добра психофизичка состојба. Но, дали знаеме дека она што го јадеме може да има значително влијание врз добросостојбата на целиот организам.
Ако се чувствувате постојано уморни, зад тоа може да стојат многу причини, а една од нив е храната. Доколку чувствувате тегоби во пределот на стомакот или имате чувство на постојана подуеност, тогаш сигурно причината е храната.
Некои намирници или видови храна, по консумирањето може да предизвикаат дури и болка, посебно кај осетлив и раздразлив дигестивен систем.
Големите физички и ментални предизвици на времето во кое живееме силно влијаат на нашиот имунитет. Затоа, постојано бараме начини како да ги зајакнеме природните одбранбени механизми на телото, без несакани нуспојави.
Истражувањата поврзани со потрагата по природна поддршка на имунитетот против вирусни инфекции се повеќе се фокусирани на еден од најмоќните природни имуномодулатори – пробиотиците.
Пробиотиците го имаат тоа дејство на создавање рамнотежа во дигестивниот систем. Ова го потврдува и клиничката студија направена за јогуртот Баланс+ во која се следеше состојбата на повеќе учесници со симптоми на тегоби во дигестивниот систем и воопшто нарушена рамнотежа како реагираат при редовно консумирање од овој јогурт.
Според резултатите од студијата по само 10 дена редовно внесување Баланс+ во исхраната по 500 грама, наеднаш или поделено во два оброка, работата на целиот дигестивен систем се регулира. Ова се постигнува благодарение на пробиотските култури Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium и пребиотикот олигофруктоза, застапени во Баланс+ кои влијаат и го подобруваат метаболизмот и варењето на храната.
Пробиотиците се најдоброто нешто што можете да го направите за вашата цревна микрофлора, која е, исто така важна за апсорпцијата на хранливи материи, за метаболизмот, линијата и целокупното здравје.
Со ваквата грижа за исхраната и внесувањето Баланс+ се воспоставува дигестивна рамнотежа од каде пак започнува општото здравје а Баланс+ е важен сојузник на доброто варење и рамнотежата во организмот. Воспоставениот баланс и регулиран дигестивен систем се одразува врз целата, општа психофизика состојба на организмот.
Повеќе информации и детали за резултатите од студијата достапни се на линкот balansplus.mk.