еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Потребни се уште донации: Собрани 38,5 милиони денари за Турција и Сирија, акцијата трае до 15 март

Заклучно со 23.02.2023 година преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст се уплатени вкупно 38.555.035 денари, информираат од таму

„Црвениот крст наредната недела ја доставува и третата пратка за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција. Поради големиот интерес на граѓаните Црвен крст ја подложува хуманитарната акција до 15.03.2023 година,“ велат од таму

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина: зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, церада (постилка за на земја), церада (зимска), вреќи за спиење, столици на расклопување (се претвора во кревет), креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови, храна и средства за хигиена (според стандардите за хуманитарна помош).

Задолжително сите донирани артикли да бидат нови.

Приоритет да се става на (зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Србија прва во Европа почна со производство на руската вакцина Спутник V

Редакција

Двајца скопјани оствариле приход од 3,5 и 2,7 милиони евра во 2017 година

Редакција

Повторно дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје

Редакција