Во штипскиот ковид-центар денеска се хоспитализирани 86 пациенти, но 57 од нив се на постојана кислородна поддршка. Тоа значи дека 66 отсто од пациентите се зависни од кислород.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека поради тешката клиничка слика на пациентите, кои болнички се лекуваат овие денови потрошувачката на кислород достигна и над еден тон.
-Не знам до кога ќе биде оваа потрошувачка и ќе расте најверојатно наредниот период. Но, со поставувањето на резервоарот со течен кислород малку по малку ќе ни се олесни.
Колку повеќе растеше потрошувачката, тоа повеќе ни изискуваше повеќе кислородни боци и ангажман на вработените и на добавувачите, вели Ѓеорѓијев.
Забележува дека меѓу пациентите имаат и млади, но доминираат тие над 60 години.
Ѓеорѓијев вели дека поголемиот дел од пациентите се со коморбитети, а овој трет бран е далеку потежок, во споредба со есенскиот. Во болницата имаат и неколку новозаразени здравствени работници и технички персонал.
МИА/Фото: МЗ