Министерство за здравство информира дека во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.817, а бројот на активни случаи е 412.
Последната дистрибуција по градови е Скопје – 628, активни 152, Куманово – 416, активни 31, Дебар – 51, активни 0, Штип-36, активни 2, Прилеп –200, активни 63, Тетово – 147, активни 79, Струга – 70, активни 4, Велес – 121, активни 50, Битола –27, активни 8, Охрид –21, активни 6, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –19, активни 2, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 4, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 1.
“Направените 286 теста се преку: Институт за јавно здравје –165, Ветеринарен факултеттет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –3, Систина со PCR метода -18 и МАНУ -100.
Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 48 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 6 пациенти, со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Регистрирани уште осум оздравени пациенти, вкупната бројка достигна 1.301
Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка достигна 104
Фото: Кабинет на претседател