еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повеќе мажи, најмногу на возраст од 40-49 години, детали за новите случаи на заразени со корона вирусот

Вчера во Македонија беа регистрирани 38 нови случаи на заразени со корона вирусот.

“Тестирани се вкупно 560 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Од вкупниот број на тестирани, 168 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица (Скопје и Куманово) без регистриран позитивен случај.

Регистрирани сe 38 нови позитивни случаи од 6 градови во државата. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (63,2%).

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група од 40-49 години со 9 позитивни.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 15 лица од женски и 23 од машки пол.

Регистрирани се три хоспитализирани лица.

Кај 12 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Од вкупниот број на нови регистрирани случаи, 13 имаат контакт со потврден случај.

Не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште само 21 здравствен работник во Македонија заболен од корона вирусот

Никој од тројцата новопочинати од корона вирусот немал контакт со потврден случај

Табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска работа: Украдени камери за следење на рисот во НП Маврово

Редакција

(Видео) Висат парчиња бетон од надвозникот во скопско Визбегово

Редакција

Сите вакцини се ефикасни во заштита од тешка форма на болеста и хоспитализација од делта сојот, велат од Министерство за здравство

Редакција