Врховниот суд информираше дека иницијативата за враќање во сила на помилувањата од 2015 година од страна на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов е повлечена од самиот предлагач, адвокат Миле Наумовски.
-Поради интерес на јавноста и медиумите, Врховниот суд на Република Северна Македонија известува дека на ден 27.10.2023 година, до Врховниот суд доставен е поднесок од адвокат Миле Наумовски, со кој во целост ја повлекува Иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, која се однесува на повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, велат од Судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иницијатива до Врховен за „оживување„ на помилувањата на претседателот Иванов