еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пожар кај Богородица: Граничниот премин не e загрoзeн, функционира нормално

Пожарот, што попладнево избувна на потегот меѓу месноста Милци и Граничниот премин Богородица, не ја загрозува сообраќајната фреквенција на граничниот премин која се одвива нормално и без прекин, соопштија од граничната дежурна служба.

Во попладневните часови состојбата со сообраќајната фреквенција е секогаш порелаксирана поради помалата гужва, така што нема поголеми задржувања од петнасетина минути.

Од екипите на терен соопштуваат дека пожарот поради ветрот се движи кон границата со Грција поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.

Доколку не се случи промена на правецот на ветрот нема да бидат загрозени граничната караула на АРМ, казиното „Фламинго“ ГП Богородица и бензинските пумпи на „Макпетрол“ и „Шимов“ во близина на македонско-грчката граница.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првпат во историјата: САД забранија продажба и увоз на нови уреди од кинеските производители Huawei и ZTE

Редакција

Едно починато лице и 141 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Редакција

Џафери: Иванов „ги помешал лонците“, можно е одговорност да се бара од него

Редакција