еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пожарот во Кочани локализиран, денеска се очекува помош од Србија и Бугарија

Пожарот во Кочани е локализиран благодарение на професионалноста на пожарникарите, на помошта која стига од целата држава и на солидарноста на граѓаните, објави доцна синоќа премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

– Системот функционира, во текот на целиот ден безбедноста на граѓаните ни беше на прво место и до овој момент немаме лица со изгореници. Остануваме со министерот Филипче во Кочани цела ноќ, а во кумановско се веќе вицепремиерот Николовски и министерот Спасовски, наведува Заев во објавата.

Тој упатува благодарност до граѓаните што помагаат, како и до „претставниците на медиумите што известуваат навремено, точно и одговорно“„

– Утре наутро очекуваме помош од соседите, претседателот Пендаровски се слушна со претседателот на Бугарија, Радев, а јас се чув со претседателот на Србија, Вучиќ и со премиерот на Бугарија, Јанев, нагласува Заев.

Тој потенцира дека надлежите органи будно ја следат состојбата, дека нема паника, дека ситуацијата е под контрола, како и дека поголем дел од пожарите се локализирани.

– Апелирам за одговорно споделување точни информации од страна на граѓаните преку социјалните мрежи и преку медиумите. Безбедноста на луѓето на прво место, додава Заев во објавата на Фејсбук-профилот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема тешко повредени во пожарите, укажана им е лекарска помош на десетина поради вдишан чад

(ВИДЕО) Кочани гори! Апел за помош!

(Фото) Горат дел од куќите во Белско Маало: Пожар сериозно му се заканува на Кочани

Фото: Општина Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да инвестирате: Граѓанските обврзници од втората емисија се достапни

Редакција

Снимките на Јутјуб за Милошоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

Редакција

Детален преглед по скопските општини: Аеродром, Карпош и Центар со рекорден број случаи на Ковид-19

Редакција