еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пожарот во македонскиот автобус е многу чуден, почнал многу брзо, вели бугарска министерка

Привремената министерка за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова за БНТ коментира дека на денот на несреќата тргнала кон местото на несреќата на автопатот Струма, но по разговорот со премиерот Стефан Јанев, тој ја советувал да не оди.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Комитова, која е експерт за противпожарна заштита на објекти, има нешто многу чудно, а тоа е што пожарот избувнал многу брзо и се раширил, што се случува во многу посебни случаи.

– Несреќата со македонскиот автобус е комбинирана со пожар. Потешкото од пожарот е експлозијата, бидејќи нема време да се реагира, додаде Комитова.

Таа посочува дека, околу нас е полно со експлозивни елементи.

-Пожарот во автобусот на „Беса транс“ зафатил предмети кои многу брзо изгореле и немало време за реакција од патниците. Се добива впечаток дека возачот не се обидел да излезе од автобусот, иако тој имал најмногу време да се евакуира од автобусот.

Возачот го познавал овој пат, бидејќи патувал секоја недела. За жал, извештајот од увидот на патот не е завршен, појасни регионалната министерка на Бугарија.

Безбедносната ограда на патот, вели Комитова, е направена по проект од 2002 година, што не значи дека е надвор од нормите, додавајќи дека во времето кога е направена била според правилата.

Таа признава дека не претпоставувала дека автопатот „Струма“ е во таква состојба и дека несреќата ја отворила темата.

Комитова рече дека ќе се обидат да ја сменат брзината и обележувањето на патот, како и да ја натераат  фирмата, кој е одговорна за тоа, побрзо да заврши со проектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сослушани 8 лица за автобуската несреќа, меѓу нив и сопственикот на “Беса транс“

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако не се отворат целосно границите и државата не им помогне, туристичките агенции ќе протестираат

Редакција

Алкохолот меѓу пратениците влијае за атмосферата во Собранието, вели Павле Трајанов

Редакција

Македонски средношколци ќе учествуваат на меѓународен натпревар во дизајнирање, тестирање и изработка на мини болид на Формула 1

Редакција