еМагазин
Image default
Македонија

Нови 34 случаи на Ковид-19 во Тиквешко

Две негувателки од две групи во кавадаречка градинка се позитивни на коронавирусот. Со нив во изолација се уште три негувателки, како и 28 деца од двете групи.

Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Јовановски информираше дека во изминатите 24 часа евидентирани се нови 34 случаи позитивни на Ковид-19 во Тиквешијата. Новозаболените се на возраст од 12 до 83 години. Тринаесет лица се од Кавадарци, четири од Росоман, 14 од Неготино и три од Демир Капија.

Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат.

МИА: Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првиот круг на претседателските избори на 21 април, вториот на 5 мај

Редакција

МПЦ се сомнева во пописните резултати за „религиска припадност“

Редакција

Владата очекува осумте пратеници да не се предомислат за промена на Уставот по притворањето на Јанакиески, Божиновски и Мијалков

Редакција