Движењето Беса ги определи кандидатите за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори. Одлуките се донесени на состанок на Централното собрание во Тетово.
-Се разговараше за политичката состојба и кандидатите за пратеници. На оваа средба беше изгласан и списокот на кандидати за пратеници во изборните единици, информира Беса преку нивната страница на социјалната мрежа Фејсбук.
Во Изборна единица 1 кандидати се Кастриот Реџепи и Јонуз Фејзулах.
Во двојката Бастри Бајрами и Шенаси Геладини.
Мелинда Рашиди е единствен кандидат за пратеник во ИЕ 5.
Најмногу кандидати за пратеници има за шестата изборна единица: Билал Касами, Фадил Зендели, Хатије Етеми ,Абдуш Демири, Фатлинда Јаја, Фатмир Сабриу, Флори Синани, Исеин Ајдари и Аднан Азизи.