еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го реафирмира ставот да не се менува Уставот под бугарски диктат

Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на одржувањето на лидерската средба го реафирмира ставот за неотварање на Уставот на Македонија, а со цел уставни измени.

Во соопштението од Пратеничката група се потенцира дека уставните измени кои ги прифаќа македонската Влада предводена од СДСМ и ДУИ се производ на диктат и под услови кои не се прифатливи за македонските граѓани.

-Апелираме до Владата и парламентарните групи на власта да престанат со сервилности и погазувањето на државните и национални интереси потсетувајќи дека Собранието во овој состав нема легитимитет за носење на таква одлука против која е огромното мнозинство македонски граѓани, посочуваат пратениците од опозицијата.

Собранието, според нив, не треба да се доведе во позиција за исполнување на поединечни бизнис и политички интереси на елити од власта туку да служи на суверенот – граѓаните.

Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението, со овој став упатува раководството на партијата, сите политички претставници на коалицијата „За обнова на Македонија“ и претседателот на партијата Христијан Мицкоски на претстојната лидерска средба да ги реафирмира ставовите за неприфаќање на уставните измени и да се почитуваат интересите на граѓаните.

-Македонските граѓани отсекогаш силно ја поддржувале и ќе продолжат да ја поддржуваат  европската интеграција на државата, но тоа не треба да прерасне во понижувачки процес за прифаќање на диктати туку процес за прифаќање и почитување на вредности.

Оттука како пратеничка група на коалицијата „За обнова на Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ бараме во името на огромното мнозинство македонски граѓани фер шанса иста каква што ја имаа останатите народи и држави од Централна и Источна Европа кога пристапуваа кон Европската Унија, се посочува во соопштението до јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средбата Мицкоски-Ковачевски ќе биде тет-а-тет, ќе и претходат разговори со пратениците, коалицијата и ИК на партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитриевски до Владата и пратениците: Народот во песни ќе ве опева како уништувачи на сопствениот род

Редакција

Вработените во јавните обвинителства од денеска стапуваат во штрајк

Редакција

Казино „Фламинго“ и хотел ќе ги отстапи собите како место за изолација и карантин

Редакција