еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Пратеници ја напуштаат “Има таков народ“ која излезе од бугарската Влада

Седум пратеници ќе ја напуштат пратеничката група на бугарската партија „Има таков народ“, објави „24 часа“. Тие ќе ја напуштат групата, иако се уште немаат цврст договор со „Продолжуваме со промената“, а се уште чекаат понуди за партнерство.

Веќе оваа недела, новите независни пратеници можеби ќе треба да бидат вклучени во клучното гласање.

Седуммината ги организира министерот за спорт во оставка на ИТН, Радостин Василев, кој се спротивстави на заминувањето на партијата од владата.

Вечерва треба да стане јасна конечната бројка на тие пратеници.

Лидерот на ИТН, Слави Трифонов за вечерва ги повика пратениците на консултации, јавија бугарските медиуми.

Уште двајца министри во бугарската Влада денеска ќе поднесоа оставки. Шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов поднесоа барања за напуштање на кабинетот. Тоа е резултат на одлуката на бугарската партија „Има таков народ“ да стави крај на владејачката коалиција и да го напушти кабинетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трифонов потврди дека го напуштаат дел од пратениците, го обвини Петков дека ги купил

Уште двајца министри поради Македонија го напуштаат кабинетот на Петков

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната пензија од 17.666 денари се зголемува на 19.150 денари

Редакција

Која е Јагода Шахпаска која доаѓа на местото на Мила Царовска

Редакција

Бугарскиот пратеник и лидер на “Преродба“, Костадинов повторно изјави дека „Македонија е бугарска“

Редакција