еМагазин
Image default
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат расправата за уставните амандмани да се пренесува во живо

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија остануваат на барањето комисиската расправа за уставните измени да биде пренесувана во живо, изјави координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.

Тој посочи дека во живо била пренесувана седницата на Комисијата за уставни прашања кога се утврдувал предлогот за пристапување за измена на Уставот и оти оттаму не е јасно зошто не се пренесува во живо седницата кога се дебатира за предлог-амандманите.

– Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и Талат Џафери сакаат дебатата за уставните амандмани да помине далеку од очите на јавноста. Очигледно тие се плашат да дебатираат со пратениците од опозицијата за ова прашање од највисок интерес. Поради тоа денеска дебатата од Комисијата за уставни прашања, каде се расправа за највисокиот акт во државата и за прашање од национален и државен интерес не се пренсува во живо на собранискиот канал – рече на прес-конференција во Собранието, Мицевски.

Според него, со тоа премиерот Зоран Заев и парламентарното мнозинство покажуваат дека очигледно се плашат да се соочат со пратениците од опозицијата пред очите на целата јавност.

Тој смета дека ова е прашање е од највисок интерес за граѓаните и Собранието има и законска обврска оваа дебата да ја емитува во живо на собранскиот канал. Согласно член 32 став 1 од Законот за Собранието на Република Македонија, истакна Мицевски, Парламентот има програмска одговорност за емитување на програмскиот сервис наменет за емитување на собраниските активности.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата ќе врши проверки во приватни куќи каде се организираат забави и собири

Редакција

Починаа 28 лица од Ковид-19

Редакција

Зголемување за 1,6 пати: За една недела 6.768 нови случаи на Ковид-19

Редакција