еМагазин
Image default
Македонија

Пратеник на српската СНС: Бегството на Груевски е најдоброто решение

Бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од земјата е најдоброто решение, оти со тоа „американскиот пион Зоран Заев на подолго време загуби адекватен противник на политичката сцена, а Груевски не лежи робија за глупост, порачува во колумна објавена во вчерашниот број на српскиот весник „Блиц“ парламентарецот и функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС), Владимир Ѓукановиќ, пренесува Мета.

Во колумната во која најострите обвинувања ги упатува кон САД, Ѓукановиќ вели оти се поставува прашањето „дали Груевски доброволно се согласил да замине или пак бил натеран, по принципот дека тоа му била единствената шанса да ја зачува главата“.

На крајот, Ѓукановиќ обвинува дека пресудата за Груевски е „напишана во американската амбасада во Скопје“, но и дека „на самите Американци им е јасно дека од него не смее да се прави политичка жртва, па најдоброто решение било некако да се отарасат од него“.

Мета/Фото: Фејсбук/Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кабинет на Орбан: Европскиот парламент „го пика носот каде што не му е место“, Груевски ја спаси Европа од терористи

Обвинителство прибира снимки од граничните премини, од пред зградата на Груевски и собира податоци за неговите сметки

Заев ги знае сите детали за бегството на Груевски, но ќе ги соопшти на јавноста кога ќе дојде време

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсен наркодилер од Грчец, првоосомничен во „Планина“

Редакција

Отворен реновираниот Хируршки ургентен центар во склоп на ЈЗУ УК „ТОАРИЛУЦ“

Редакција

За ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив и праг од еден отсто и воопшто да нема праг за независните листи

Редакција