еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пред седницата во Собранието во петок, ВМРО-ДПМНЕ повтори дека уставните измени нема да поминат

Уставните измени нема да поминат по што следен чекор би биле предвремени парламентарни избори, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што се очекува од пленарната седница во петок за отворање на Уставот за внесување на Бугарите и другите народи.

Тој посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и недвосмислен, апелирајќи да не се прават натамошни комбинаторики.

-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и недвосмислен повеќе од една година, а тоа е дека уставните измени нема да поминат, по што апелираме да не прават натамошни комбинаторики. Ќе се види дека немаат легитимитет за било што и единствениот чекор кој што треба да следи се предвремени парламентарни избори, нагласи Стоилковски.

Во петок во Собранието треба да почне пленарната седница за уставните измени. Постапката е веќе почната со тоа што на 25 јули, Комисијата за уставни прашања ја изгласа потребата за носење на уставните измени и заклучоците ги проследи до Собранието.

Интервенциите во Уставот се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата. Во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.

Согласно ова, направена е измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците за запазување на париретот на претставниците во Парламентот на сите вака утврдени заедници во Преамбулата на Уставот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радев: Провокација и варварски чин е палењето на Културниот центар „Иван Михајлов“

Редакција

(Фото) Ќерката на премиерот Заев, Александра годинава матурантка

Редакција

Само од замена на личните карти државата досега заработила над 5 милиони евра

Редакција