еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Предлозите за укинување на „пржинската влада“ и на апанажата не поминаа во Собранието

Пред усвојување на дневниот ред на денешната 62. седница, пратениците не го прифатија предлогот на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се донесе предлог законот за изменување на Законот за владата, со кој се предвидува укинување на „прижинската влада“.

За предлогот гласаа 32 пратеници, 55 против, а немаше воздржани, по што претседателот на Собранието Талат Џафери констатира дека предлогот не е усвоен.

Не беше усвоен и Предлог – законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во Републиката од Левица, кој има за цел укинување на апанажата.

За гласаа 16 пратеници, против беа 13, а воздржани немаше.

Во процедурална забелешка Талат Џафери објасни рече зошто гласал против овој закон. Посочи дека Собранието не е локална самоуправа каде функционира врз доброволна основа, без надоместоци и рече дека на крајот на мандатот функционерите ја користат законската можност.

Тој рече дека не го поддржал законот за Влада зошто една година се води, како што рече, меѓупартиски договор за да се излезе со договор. Го повтори ставот дека тој закон треба да се донесе откако ќе го потпишат сите координатори на пратеничките групи, најголеми. Смета дека законот е неуставен.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново обвинение за Мерко

Редакција

Јакимовски поднесе кривична за непознат сторител за неговото ставањето на „црната листа“

Редакција

Работник од Албанија пронајден починат во објект на фирмата каде што работел

Редакција