еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Предупредување од УХМР: Денеска пообилен дожд на пониските и снег на повисоките места

Денеска од вечерните часови под влијание на нов влажен бран ќе започнат врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во понеделник во текот на денот и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2), најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежи од снег ќе има најпрво на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од понеделник попладне и на некои повисоки места.

Во понеделник во источните делови ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопската котлина ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни врнежи ќе има во понеделник попладне и во вторник претпладне.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Борче Јовчески, новиот градоначалник на Прилеп

Редакција

(Фото) Тактилни слики за лицата со оштетен вид во „Спомен куќата на Тодор Проески“: Затоа што Тоше е чувство

Редакција

Граѓаните сѐ повеќе штедат во денари

Редакција