еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Преговорите со Алијанса на Албанците за влез во Владата се во фаза на почетни средби и нема ништо конкретно дефинирано, вели Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека преговорите кои се водат со Алијансата на Албанците (АА) за евентуален влез на партијата во Владата, се уште се во фаза на почетни средби и нема ништо конкретно дефинирано во оваа насока.

– Се очекува одржување на наредни средби во оваа насока, изјави Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања по Свечената академија по повод 114-годишнината од Конгресот во Битола и Денот на албанската азбука, што се одржа денеска во Скопје.

Прашан како ќе влијае евентуален влез на АА во Владата на парламентарното мнозинство, Ахмети рече дека нормално доколку има позитивен епилог од целиот овој процес, тоа би придонело многу за остварување на една конструктивност и стабилност на парламентарното мнозинство.

Во однос на можната распределба на министерски места при влез на Алијансата во Владата, Ахмети рече дека за овие теми уште не е разговарано, бидејќи разговорите се уште се во почетна фаза.

За тоа дали во услови на криза е вистинско време да се трошат парите на граѓаните на организирање на собири како денешната Свечена академија, Ахмети рече дека, според него, за еден народ многу е важно да се потсети на неговата историја и на важните личности од таа историја.

– Сметам дека нема цена одбележувањето на еден толку многу важен историски настан за сите Албанци, па и за кој било настан на одбележување од ваков вид, изјави Ахмети.

Прашан зошто не се закажува собраниска седница за уставните измени, Ахмети рече дека ова е премногу важно прашање за земјата и од голем интерес за сите.

– Ние постојано повикуваме на единство помеѓу политичките партии. Нормално дека за овој важен процес треба да го направиме вистинскиот чекор за да продолжиме кон интеграцијата во ЕУ. Нормално дека за тоа е потребно време, но не се сомневам дека ќе го направиме вистинскиот чекор, истакна Ахмети.

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) И претседателот Пендаровски со сопругата на премиерата на филмот „Врба“ на Манчевски

Редакција

Симон Трпчески со два концерти со проектот „Македонисимо“ во Македонска филхармонија

Редакција

Села и Таравари уште се судат за печатите на Алијанса за Албанците

Редакција