еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Преговорите со Македонија требаше веќе да бидат почнати, ЕУ донесе едногласна одлука за ова во март 2020, вели шведската министерка Линде

Северна Македонија ги исполни потребните услови и преговорите треба да започнат веднаш. Како претставник на шведската Влада цврсти верувам дека преговорите со Северна Македонија требаше веќе да бидат почнати и ЕУ веќе донесе едногласна одлука за ова во март 2020 година, изјави денеска во Скопје шведската министерка за надворешни работи Ан Линде, на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање, во однос на блокадата од Бугарија, Линде рече дека ЕУ презела обврски кон Северна Македонија и дека треба да ги исполни тие обврски.

– Потребен е билатерален дијалог да се решат овие прашања на соодветен начин и ги поттикнувам сите дипломатски напори за решавање на ова прашање.

На моите состаноци со министрите за надворешни работи во ЕУ јасно истакнувам дека Бугарија не треба да ги блокира преговорите и дека билатерално прашање не треба да биде предуслов за почеток на преговорите со Северна Македонија.

Мислам дека ова е заедничка позиција и став на повеќето министри за надворешни работи, освен на министерот за надворешни работи на Бугарија, изјави Линде.

Реформите, исто така, нагласи Линде, не се спроведуваат само за членство во ЕУ, туку и за доброто на граѓаните на Северна Македонија.

– Погрешно е да се каже дека ја правиме оваа реформа за ЕУ, туку дека таа е добра за граѓаните и за обезбедување на безбедноста. Тоа не треба да ги обесхрабрува граѓаните. Секако дека има причина да се биде разочаран. Јас сум разочарана, секако и Вие сте разочарани, изјави Линде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи на Линде и врачи постхумно признание за Ана Линд, по повод триесетгодишната независнот

Португалскиот предлог го третира и прашањето за јазикот, само Радев има мандат да го повлече ветото, вели Османи

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На граничниот премин Ново Село нема поголема фреквенција на возила и патници

Редакција

Укинат куќниот притвор и на Трајко Вељаноски

Редакција

Каков имот пријавил министерот за финансии, Фатмир Бесими

Редакција