еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите, велат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги остро реагира на етикетирањето на уредувачката политика на одредени медиуми од страна на премиерот Димитар Ковачевски и потенцира дека носителите на јавни функции треба да се воздржат од искажување лични, субјективни ставови со кои се поткопува слободата на медиумите.

„Носителите на јавни функции треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и за тежината на секој нивен јавно искажан збор. Наместо да употребуваат наративи со кои се дискредитираат и се врши притисок врз медиумите, тие треба да бидат пример за одговорно и професионално однесување.

Истовремено, Агенцијата потсетува дека улогата на медиумите е да информираат и да отвораат прашања кои се предмет на јавен интерес, поради што сите релевантни чинители во државата треба да вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за јакнење на слободата на медиумите и на уредничката независнот и самостојност,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телма: Оркестиран напад на телевизијата од Ковачевски и Ахмети

Непримерно етикетирање на медиуми и од Ковачевски, од Здружението на новинари реакција и за изјавата на премиерот за Ахмети

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 најниски нето-плати во јули

Редакција

Од 1 ноември ќе има топлинска енергија, ЕСМ склучи договор за набавка на гас

Редакција

УХМР за викендот најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција