еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски најави вклучување на Евреите во Уставот

Македонија и Израел имаат блиски пријателски односи, базирани на меѓусебно разбирање и заедничка определба за натамошно унапредување на билатералната соработка во повеќе области, меѓу кои ИТ секторот, безбедноста, економијата, туризмот и земјоделството, беше оценето на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со делегација на израелскиот Кнесет, што престојува во посета на земјава.

Како што информира владината прес-служба, членовите на делегацијата Хамад Амар, претседател на Парламентарната групата за пријателство и соработка меѓу Израел и Македонија, Цега Мелаку, член на Групата и Дор Каидар, координатор за меѓународна соработка на Кнесетот, беа придружувани на израелската амбасадорка во земјава Симона Франкел.

– Претставниците на Кнесетот на Државата Израел ги поздравија политиките на дијалог и разбирање, преку коишто Северна Македонија гради едно општество за сите граѓани на домашен план и ги развива односите со соседите во регионот, што е во функција на одржувањето на мирот и стабилноста во Европа и светот, известуваат од Владата.

Премиерот Ковачевски нагласил дека земјава се развива како достоинствена членка на НАТО и држава којашто е насочена кон следниот исчекор во европските интеграции, како успешна функционална мултиетничка демократија, со отвореност за соработка и со сите пријателски држави.

– Покрај стратешките приоритети на нашата надворешна политика, членството во НАТО и ЕУ, Владата има интерес за интензивирање и зајакнување на соработката земјите од Блискиот Исток во сите области од взаемна полза, рекол Ковачевски.

На средбата било истакнато дека Македонија, како земја членка на НАТО и активен учесник во меѓународната коалиција, којашто силно ја осудува руската воена агресија врз Украина, како и други земји од регионот и пошироко, е изложена на различни хибридни и кибер напади, што упатува на соработка и размена на експертиза со странските земји, вклучително и со Израел во областа на кибер безбедноста и отпорноста.

Во таа насока е оценето дека билатералниот договор меѓу владите на Македонија и Израел за електронски комуникации и поштенски услуги, потпишан во февруари оваа година, обезбедува солидна, правна основа за натамошно проширување на односите во различни полиња од заеднички интерес.

На состанокот заеднички била изразена осуда на сите форми на тероризам, при што премиерот Ковачевски рекол дека за сите безбедносни прашања во Европа, Блискиот Исток и регионот на Персискиот Залив, Македонија е усогласена со позицијата на ЕУ и ги координира своите политики во рамките на Унијата и со партнерите во НАТО, особено со САД, како и дека во таа насока нашата држава поддржува трајно решение за Блискиот Исток што ќе обезбеди мир и трајна безбедност на Израел.

– Силно ги осудуваме сите форми на антисемитизам, негирање на Холокаустот и поврзаните искривени толкувања, рекол премиерот Ковачевски.

Тој додал дека Владата посветува големо значење на еврејската заедница во нашата земја, која е многу почитувана, и во претстојниот период во контекст на предвидената дебата за уставните измени ќе предложи вклучување и на Евреите во Уставот на Македонија, што се надева ќе биде широко прифатено од сите политички субјекти во земјата.

– Претседателот на Владата соопшти дека оваа година, под покровителство на Владата, се одржуваат повеќе настани со коишто се одбележуваат 80 години од ужасните 11 и 12 март 1943 година, кога 7.144 Евреи од земјава биле депортирани во логорот на смртта во Треблинка, известуваат од Владата.

При тоа, заеднички било констатирано дека памтењето и учењето од минатото е важно за иднината на секоја земја и во таа насока има значење и во добрите односи меѓу Македонија и Израел.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за труд вработува 15 државни службеници, плата до 25.023 денари

Редакција

Отсуството на адвокат на еден од обвинетите го одложи судењето за „Топлик“

Редакција

Осомничените може да избегат: Обвинителството образложи зошто бара притвор за насилниците кои упаднаа во М-НАВ

Редакција