еМагазин
Image default
Бизнис

Пренатрупан пазар: Во Македонија има 53 телевизии и 65 радија

Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од извештајните единици, во 2018 година, во земјава, со радиодифузна дејност се занимавале 118 радиодифузери, од кои 65 емитуваат радиопрограма, а 53 телевизиска програма.

Од радиодифузерите што емитуваат радиопрограма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, 61 се трговски радиодифузни друштва и 3 се непрофитни радиодифузни установи.

Според податоците, јавното радиодифузно претпријатие што емитува радиопрограма емитувало вкупно 38.014 часа, од кои најголем дел или 58.0 % се музичка програма.

Трговските радиодифузни друштва што емитуваат радиопрограма емитувале вкупно 529.026 часа радиопрограма, од кои најголем дел или 69.9 % се, исто така, музичка програма.

Од радиодифузерите што емитуваат телевизиска програма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, а 52 се трговски радиодифузни друштва.

Јавното радиодифузно претпријатие што емитува телевизиска програма емитувало вкупно 24.022 часа телевизиска програма, од кои најголем дел или 26.9 % се документарна и образовна програма.

Трговските радиодифузни друштва што емитуваат телевизиска програма емитувале вкупно 437.500 часа телевизиска програма, од кои најголем дел или 22.2 % се играна програма.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кои се најуспешните градски хотели во Македонија

Редакција

Од полноќ поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, цените на бензините остануваат исти

Редакција

Највисоката просечна бруто плата во февруари изнесува 139.004 денари

Редакција