Владата соопшти дека со оглед на вонредната состојба во која се наоѓаме поради коронавирус и сите воведени рестрикции, од денеска прес-конференциите ќе се реализираат исклучиво преку онлајн стрим, без присуство на новинари и сниматели во медија центарот на Владата.
Како што соопштија од владината прес-служба, целта на овие мерки е сите заеднички да се заштитиме и да обезбедиме услови за работа согласно актуелната ситуација.
Прашањата за прес-конференциите во текот на денот може да се испратат на [email protected] и на мејл адресата на портпаролот/лицето за односи со јавност на ресорното министерство, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака за која прес-конференција односно за кој министер/министерка (претставник на институција) се однесуваат.
Прашањата треба да пристигнат најдоцна 15 минути пред почетокот на закажаната прес-конференција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу е просто, колку ќе трае кризата со корона вирусот зависи од НАС
Детална листа: Најнови мерки на Владата против корона вирусот
(Фото) Кои се хероите кои деноноќно работат и изработуваат тестови за корона вирусот
(Видео) Како безбедно да го исчистите смартфонот од евентуално присуство на корона вирусот?