еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска претпладне сончево време, попладне локален пороен дожд

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови. УВ индексот ќе достигне до 7.

И во Скопје претпладне ќе биде сончево со слаб северен ветер, а од пладне ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Утре ќе дува засилен северен ветер, а претежно во планинските подрачја ќе има појава на краткотраен дожд. Од недела следува период на претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во наредните денови постудено со дожд и ветер

Редакција

Mајка му го исполни аманетот на Бошко кој почина од рак, донираните средства за него да ги редонира

Редакција

Денеска времето променливо облачно и потопло, температурата до 31 степени

Редакција