Поради сомнеж дека е сторител на кривични дела, по налог на скопското Јавното обвинителство, припадници на МВР вчера извршиле претрес во домот на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот “Доказ”, објавија повеќе медиуми.
Официјални информации се најавени за денеска, а медиумите неофицијално објавија дека се запленети пари, компјутери, телефони и дека против Стаменковски во Обвинителството имало голем број на поплаки и пријави поради објава на текстови со клеветничка и навредлива содржина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството бара притвор за сопственикот на „Доказ“
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.