еМагазин
Image default
Локално

Претреси во Арачиново: Откриени 1,5 килограми хероин, хашиш, марихуана…

Вчера (09.02.2020) полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во соработка со Одделот за криминалистичка полиција го лишија од слобода Љ.А.(31) од Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информира МВР.

„По претходно добиени оперативни сознанија, во текот на вчерашниот ден бил извршен претрес на две локации во с.Арачиново, при што од Љ.А. се пронајдени и одземени 2 полиетиленски ќеси со околу 1,5 килограми хероин, 1 полиетиленска ќеса хашиш, 4 полиетиленски пакувања марихуана, 8 куршуми, една рачна преса за пресување на опојна дрога, една хидраулична дигалка.

Љ.А. e приведен во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, по член 215 и по член 396 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден пешак во Скопје по удар од „Опел Астра“

Редакција

Несекојдневен случај: Украден гасен пиштол од Театар Комедија

Редакција

62-годишник од Ливада осомничен за убиството на кучиња во Струга

Редакција