еМагазин
Image default
Македонија

Претседателот на МАНУ, Коцарев: Пикот на корона вирусот на почеток на мај со 1.100 заразени

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев за fakulteti.mk информира дека заедно со м-р Петар Јовановски изучувале модел преку кој ја добиле речиси истата слика со која сега се соочуваме во реалноста за бројот на заболени со Ковид-19 и на смртни случаи, при што посочува дека максималниот број инфицирани од коронавирусот во земјава се очекува да се случи во почеток на мај со околу 1.100 заразени.

Според нивното истражување, овие резултати се пооптимистички во однос на предвидувањата на здравствените власти дека врвот на епидемијата ќе се случи кон крајот на април со околу 2.000 заразени.

– Сакам да подвлечам дека моделите, иако не се најточни, содржат претпоставки и апроксимации, и градат можни сценарија, сепак, се моќна алатка за разбирање на неизвесното и помагаат при донесување правилни одлуки, вели Коцарев.

Тој потенцира дека бројките на заразени и починати добиени со нивниот модел се речиси идентични со актуелните бројки.

Моделите кои се користеле во МАНУ се предложени од Империјал колеџот во Лондон и Универзитетот „Оксфорд“.

– Во првата класа на модели, именувани како Bayesian хиерархиски модели, се користат методи од статистика и машинско учење, додека втората група на модели, познати под името обопштени SIR (Susceptible-Infected-Recovered) модели, се базираат на теоријата на динамички системи… Во моделот се внесени податоци до 8 април 2020 година и за 9 април моделот предвидува вкупно 669 заразени, додека според реалните податоци тој број изнесува 663, смета Коцарев.

Тој напоменува дека сепак ова се прелиминарни резултати и се однесуваат само на еден модел.

– Прелиминарните резултати на овој и другите модели, несомнено, укажуваат дека сме на добар пат во сузбивањето и намалувањето на епидемијата во нашата држава, додава претседателот на МАНУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пулмологот Дејан Докиќ за ТВ „24“: Очекувам кривата на врвот на заболени со корона вирусот да биде затапена

Филипче: Можен пик на корона вирусот за 1 месец, можни заразени 2.000 лица

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судијата Владимир Панчевски беше на распит во Јавното обвинителство

Редакција

Заев: Можно е да не поднесам оставка ако опозицијата ги кочи законите битни за граѓаните

Редакција

(ВИДЕО) Снимката на Заев за „Поткуп“ се уште се „врти“ на You tube

Редакција