еМагазин
Image default
Македонија

Претседателот на Управен суд, Сејдини: Нема поднесено тужби по решенијата на ДИК

Подготвени сме да примиме тужби од страна на овластени претставници на листите на кандидати за пратеници во текот на денешниот или утрешниот ден, меѓутоа, до овој момент нема поднесено тужби, вели претседателот на Управен суд, Бурим Сејдини.

Во вечерашното гостувањето на „Топ Тема“, на телевизија „Телма“, Сејдини изрази надеж дека нема да дојде до блокада на Судот, бидејќи се преземени сите активности и мерки за Судот да функционира во целиот свој капацитет.

-Извршена е жрепката на советите за одлучување по избори, така што, убедени сме дека Управниот суд ќе успее навремено да ги изврши своите законски надлежности, а тоа е да донесе одлуки по поднесените тужби и да имаме официјални конечни резултати по одржаните предвремени парламентарни избори 2020 година, рече Сејдини.

Повтори дека се прават напори да се организираат и судот да постапува најефикасно што е можно.

-За првпат Управниот суд, како што се најавите, ќе се соочи со оваа бројка на тужби. Моментално сите стручни соработници, сите судии се на располагање, правиме соодветни симулации како да се обезбеди тоа да навремено одлучиме во рокот од 60 часа по приемот на тужбите, рече Сејдини.

Убедени сме, додаде тој, дека на нашата држава и е потребно што побрзо да се стигне со официјалните конечни резултати за да може конечно да профункционира законодавната власт во нашата држава.

-На денешната координација што ја имавме со колегите договаравме темпо на постапување посебно во делот на јавната расправа, бидејќи таа е задолжителна согласно Изборниот законик да тоа оди брзо, ефикасно за да може навремено да се стигне и во рок од 60 часа да се пресудат тужбите и во рок од два часа после истекот на тој рок да се објават изреките на одлуките како што налага Изборниот законик, посочи првиот човек на Управен суд.

Согласно член 148 од Изборниот законик, како што појасни, тужбата до Управниот суд подносителот ја заснова на основа наводите истакнати во приговорот што е поднесен до ДИК.

-Во судот се соочуваме со огромни проблеми во делот на она што значи просторни услови… Искрено се надевам дека ќе успееме, меѓутоа сепак се работи за технички услови за коишто за жал во судството генерално ги немаме, истакна меѓу другото Сејдини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица најави тужби до Управен суд, бидејќи ДИК ги отфрли нивните 1.982 приговори

И ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Управниот суд, бара од ДИК рачно да ги преброи гласовите

„Никогаш северна, само Македонија“ поднесе кривична пријава до ОЈО против претседателот и членовите на ДИК

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем дел од денешните дојави за бомби во училиштата – лажни, проверката во останатите продолжува

Редакција

Обвинителство утре ќе информира за случајот за Жан Митрев

Редакција

Учебната година започнува на 1 септември

Редакција