еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претседателски избори 2019: Кој денеска ќе го оствари правото на глас

Од вкупно примени 3.819 барања за болни и немоќни лица за гласање денеска, 3.539 се прифатени, а одбиени се 272 барања.

Во 13 затворски единици низ нашата држава ќе гласаат 1.640 затвореници.

Внатрешно раселени лица се седум, а во двата старски дома, како пилот проект, се пријавиле 71 лице за гласање, информира претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски.

– По примени повеќе барања од страна на општинските изборни комисии за дополнување на парични средства што им се потребни за спроведување на процесот, ДИК одлучи да ги покрие паричните средства што се потребни за првиот и за вториот круг. Зависно од големината на Општинската изборна комисија, такви се и средствата, највисоката сума е 15.000 денари за Битола што е една од трите најголеми општински изборни комисии. Вкупниот износ е 696.600 денари, рече Деркоски.

ДИК одлучи и по жалбата на член на општинската изборна комисија-Неготино кој на минатата седница го разрешиле со гласање, а причината била брачниот статус со членката на општинската изборна комисија од Неготино.

– Усвоен е заклучокот да го упатиме лицето незадоволно од решението на ДИК за разрешување на член од општинската изборна комисија Неготино, да си ги бара своите права пред Управниот суд, изјави Деркоски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каде да пријавите ако Ви е повредено правото на глас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите сме донори на органи доколку не се изјасниме спротивно на нотар, но семејството го има последниот збор

Редакција

МВР со детали за приведување на Ирена Ристиќ

Редакција

Во Турција почна да се наплаќа туристичка такса за сместување во хотели, мотели, пансиони…

Редакција