еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Превенција од коронавирусот: Маски за еднократна употреба, кои се најевтини, НЕМА

Коронавирусот е се поблиску до Македонија. Новонастаната ситуација во Италија, каде молскавично се зголеми бројот на заразени од овој вирус, а за кој властите се уште незнаат кој го „донесе“ во земјата дополнително ги зголемува шансите истиот да се рашири по Европа и по регионов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

Тоа што илјадници наши државјани работат во Италија, кои до сега не се скенираа на терминалните камери на македонските аеродроми, ги натера власите во Македонија да го подигнат степенот на подготвеност за справување со евентуални случаи на заразени или на сомнителни случаи поврзани со овој вирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфективната клиника во Штип ќе функционира како објект за изолација за сомнителни случаеви на корона вирус

Маски за еднократна употреба, кои се најевтини, нема

Во аптеките, како што информираат од таму за еМагазин ги нема маските за еднократна употреба, кои чинат од 8 до 10 денари. Се што имало во Македонија, но и во регионов од таков тип на маски се повлечени од Кина, од каде и доаѓаат истите.

Најевтините маски кои можат да Ве заштитат од вирусот чинат околу 300 денари.

За сега како што велат во аптеките нема зголемена побарувачка на маски, но и посочуваат дека генерално нема доволно маски во моментов.

Поради проблемите со загадувањето во Скопје, но и во други градови низ Македонија изминативе години драстично порасна продажбата на маските, а истите можат да Ве заштитат од овој вирус.

Зголемена побарувачката на антибактериски средства

Од аптеките посочуваат дека деновиве е зголемена побарувачката на антибактериски средства.

Една од главните препораки за превенција од овој вирус е честото миење на рацете.

Од аптеките велат и дека пожелоно е да се зголеми употребата на Витамин Ц, Цинк и минерали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче апелираше граѓаните да ги откажат патувањата во Северна Италија доколку немаат итна потреба

Корона вирусот може да затвори кумановски чевларски компании кои извезуваат во Северна Италија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Во кои градови во Македонија има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Денеска избори во Германија, ниту една партија нема да може да формира влада сама

Редакција

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации распиша тендер за набавка на џип

Редакција