еМагазин
Image default
Локално

Пријава за полицаец од Штип поради тепање на малолетник

Полициски службеник од СВР Штип доби кривична пријави поради основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на служба“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 29 септември годинава околу 21 часот, во просториите на ПСОН Штип, пријавениот полициски службеник делото го сторил на начин што неповикан влегол во просторијата на полициската станица каде од друг полициски службеник било обезбедувано повикано малолетно лице и го удрил малолетникот кој се здобил со повреди.

Била повикана итна медицинска помош која ги констатирала повредите и му пружила медицинска помош, а против полицискиот службеник поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ја уценувал дека ќе објави компромитирачки материјали ако ја прекине љубовната врска

Редакција

Град Скопје ќе ги блокира сметките на граѓаните и фирмите-должници за 2018 година

Редакција

(Видео) „Госпоѓа“ бесрамно украде садник од скопското кафуле „Радиобар“

Редакција