На 20.07.2018 година околу 18,30 часот било пријавено дека во атарот на с.Беловодица-Прилеп на место викано „Дујгас“ во патничко моторно возило „Тојота“ со прилепски регистерски таблици бил пронајден починат Р.Д. (45) од Прилеп.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа екипа од Полициската станица Прилеп.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се работи на расчистување на случајот
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.