еМагазин
Бизнис

Прилепската фабрика „Гентерм“ затворена откако вработен бил во контакт со лице позитивно на корона вирусот

Фабриката „Гентерм“ во индустриската зона во Прилеп од денеска се затвора за да биде извршена дезинфекција откако вработен бил во близок контакт со лице позитивно тестирано на КОВИД-19, соопштија од компанијата.

„Вработениот во моментов е во самоизолација, веднаш е тестиран за КОВИД-19 и ги очекува резултатите кои ќе бидат достапни во наредните два до три дена. Вработените кои биле во близок контакт во текот на работата и во транспортот со вработениот се идентификувани и се испратени дома во самоизолација во наредните 14 дена“, информираат од фабриката, нагласувајќи дека приоритет се здравјето и безбедноста на вработените.

Од компанијата соопштуваат дека интензивно соработуваат со локалните здравствени и епидемиолошки институции и ги следи сите препораки на Светската здравствена организација за заштита од зараза со коронавирусот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработена во конфекција во Прилеп позитивна на коронавирусот, фабриката затворена

Новозаболените лица со коронавирусот во Прилеп се на 73 и 74-годишна возраст

Меѓу новозаболените со коронавирусот во Прилеп и деветгодишно дете

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како работела лани печатницата Киро Дандаро

Редакција

Кои се најголеми должници на новата Листа на УЈП

Редакција

Кабелските оператори го прекинаа реемитувањето на сите телевизиски програми, освен на МРТ

Редакција