еМагазин
Image default
Локално

Притвор за три лица од Струмица осомничени за грабнување и силување

Oсновното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – грабнување.

Осомничените, како соизвршители, на 8 април заеднички грабнале една оштетена со намера да ја присилат на сексуален однос.

Тие ја пресретнале жртвата на улица, на сила ја внеле во автомобил и се упатиле кон подземна гаража во центарот на Струмица. Таму насилно ја соблекле и еден од осомничените извршил обљуба, соопшти Јавното обвинителство.

По предлог на надлежен јавен обвинител, како што се посочува, судија на претходна постапка од Основниот суд Струмица донесе решение со кое на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

49-годишен маж загина во сообраќајка на патот Маврово – Дебар, неговата сопруга е тешко повредена

Редакција

(Галерија) Убава вест: Парк наместо депонија кај Железничката станица во Мичурин

Редакција

Струмичанец ги претепал сопругата и малолетниот син

Редакција