еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приватните превозници од утре се враќаат на скопските улици

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје на социјалните мрежи објави дека е потпишан договор со приватните автобуски превозници и од утре тие повторно ќе почнат да сообраќаат низ улиците на главниот град.

Како што се наведува во објавата, договорот е потпишан денеска од страна на новиот в.д. директор на ЈСП Скопје, Крсте Петревски и претставниците на приватните превозници и дека веќе од утре приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со, како што се вели, 105 модерни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди согласно јавниот повик.

– Со новиот начин на работа и стандардизацијата во јавниот превоз, граѓаните ќе добиваат квалитетна и навремена услуга, а буџетите на Град Скопје и ЈСП Скопје ќе бидат заштитени од злоупотребите и самоволието кое во минатото било пракса, се вели во објавата на ЈСП Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Херојот Јован Костадинов е во добра здравствена состојба, наскоро ќе излезе од болница

Редакција

Драматичен раст: Нови 999 случаи на Ковид-19 од 7.245 тестирањa

Редакција

(Галерија) Најубавите маски на карневалот „Прочка 2023“ во Прилеп

Редакција