На 31.07.2020 во 00.30 часот, во близина на катна гаража на ул.„Народен фронт“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.Б.(72) од Скопје, кој бил во алкохолизирана состојба, бидејќи одбивал наредба издадена од полициските службеници, а при негово легитимирање физички нападнал еден од нив, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.