еМагазин
Image default
Македонија

Приведени 23 лица кои не го почитувале полицискиот час, опоменати 9 за неносење лична заштита

Вкупно 29 лица во државата изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење. Од нив се приведени 23, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, по однос на обврската за носење лична заштита, во текот на изминатите 24 часа се опоменати девет лица. На 84 лица им се издадени решенија за изолација, додека ист број лица, 84, потпишале изјави за самоизолација.

„Од страна на полициски службеници извршени се 2.473 контроли кај лица во изолација и самоизолација. Не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација“, наведува МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Монструм“ одложено поради смртен случај на еден од поротниците

Редакција

Бугарија покажува мускули на темата Македонија, вели деканот на бугарскиот Факултет за словенска филологија

Редакција

Ревакцинирани вкупно 764.953, трета доза примиле 1.292 граѓани

Редакција