еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приведени две лица за лажната дојава за бомба во „Сити мол“

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР денеска приведоа две лица во врска со лажната дојава за бомба во трговскиот центар Сити мол во Скопје.

МВР соопшти дека се приведени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поладнево беше извршена евакуација во Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош, поради дојава за бомба.

Полициски екипи со кучиња трагачи повеќе од три часа детално ги пребаруваа сите простории.

Претходно, од МВР за МИА изјавија дека до нив е пристигната информација за дојава за поставена бомба по што на терен беа испратени екипи од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Лажна дојава за бомба во „Сити мол“, од истиот број испратени 40 покани до граѓани да се јават во полициска станица

„Скопје сити мол“ евакуиран поради дојава за бомба

МИА/Фото:Сити мол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Веро отвори нов, модерен маркет во Куманово

Редакција

„Анима мунди“: Истрага и казни за насилството врз животните во Зелениково и Велес

Редакција

(ВИДЕО) Масовен грабеж во Чикаго: Стотици граѓани ги „нападнаа“ луксузните продавници

Редакција