еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведено уште едно лице од протестот против „францускиот предлог“ пред Собрание

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал во содејство со Единицата за интервентна полиција, двете при СВР Скопје, го лишиле од слобода е Р.Р.(37) од Скопје, информираат од МВР.

Во координација со ОЈО Скопје против него е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по што лицето е изнесено пред судија на претходна постапка.

– На 05.07.2022 околу 21.00 часот, за време на одржување на ненајавен јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, Р.Р. фрлал со камења кон полицискиот кордон и зградата на Собранието и физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејства, соопштија од МВР.

По преземени мерки и активности од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, Р.Р. е приведен во полициска станица и против него се обезбедени сите докази.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првиот заболен од корона вирусот од Валандово се вратил од странство и во државен карантин му се појавиле симптомите

Редакција

„Оливер Андонов подолго издржа“: Твитер реакции по повлекувањето на предлогот Заев да биде и министер за финансии

Редакција

Пет охриѓанки измамени: Наместо како фотомодели завршиле на сајт за интимни средби

Редакција