еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Проблемот со природен гас надминат – предлозите на „Макпетрол“ разумни

На денешна средба во Стопанската комора меѓу претставници на Регуларната комисија за енергетика (РКЕ), државните компании НЕР и ГА-МА, како и трговците, снабдувачите и потрошувачите беше изнајдено решение за потенцијалните проблеми што може да ги предизвикаат новите најавени правила за увоз на природен гас во земјава.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, во гостувањето на телевизија „24“ истакна дека факт е оти компаниите се соочени со кратки рокови и додаде дека сите учесници на пазарот, вклучително и „Макпетрол“, немале проблем со целиот процес, туку со ризиците кои што би можеле да се појават.

За таа цел тој изјави дека ГА-МА или новата компанија која што ќе се формира наредната недела да превземат обврска да им помогнат на потрошувачите при изработката на номинациите и одредени технички работи. На тој начин е овозможено трговците и снабдувачите заедно да работат со потрошувачите во јануари со цел да се релаксира ситуацијата.

– Ризикот којшто би го превземале снабдувачите и трговците во однос на дебалансите ќе биде релаксиран и од тие причини ќе нема никаков проблем сето ова да стартува од 1 јануари. „Макпетрол“ беше присутен на состанокот, дел од овие беа нивни предлози, кои што се разумни.

Компанијата се согласи со новиот пристап, бидејќи одредени ризици се тргнати со вклучувањето на ГА-МА. Ризиците кои што беа на снабдувачите, да не се соочат со ликвидност доколку не плаќаат одредени потрошувачи, сега ќе го превзема државата преку ГА-МА, рече Бислимоски во гостувањето на ТВ 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пазарот за природен гас и од 1 јануари ќе продолжи да функционира, уверува Бислимоски

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Номагас доби нов директор и членови на Одборот на директори

Редакција

Убава вест: 235 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Фото) Оваа се избеганите нарко-босови од Грчец и Гази Баба: МВР објави меѓународни потерници

Редакција