еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Продлжува сончевото и релативно топло време

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Како што соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и топло време за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеничката Моника Зајкова позитивна на Kовид-19: Чувствувам малаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност

Редакција

Доктор Даниловски: Зошто упорно се инсистира на две дози кај прележаните, во кои студии е напишано дека нивниот имунитетна трае 45 дена

Редакција

Денеска дождливо време со засилен ветер, од утре затоплување

Редакција