еМагазин
Image default
Локално

Продолжува акцијата на БЕГ за бесплатно приклучување во системот за топлинска енергија

До 15. септември 2018 година, Снабдување со топлина Балкан Енерџи нуди можност за бесплатно приклучување во системот за топлинска енергија, продолжувајќи ја акцијата за бесплатен приклучок од претходните грејни сезони.

Акцијата за приклучување ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“, а ќе важи за сите заинтересирани корисници кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за толинска енергија. Во минатогодишната акција од сличен карактер, можноста за бесплатно приклучување ја искористија близу 3000 корисници. Со новото намалување на цената на топлинската енергија за новата грејна сезона 2018/2019 од 3,1 отсто, се очекува интересот за приклучување на системот на централно греење со топлинска енергија да се зголеми.

За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што поскоро, а најдоцна до 15-ти септември, да поднесат писмено барање за приклучување во некој од наплатните центри на Снабдување со топлина Балкан енерџи. За да се информираат за постапката за приклучување, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на БЕГ, на телефонскиот број 02/3076-200.

Релеватните показатели говорат дека користењето на топлинската енергија од системот за централно греење нуди најголем конфор за корисниците и истовремено значително е поисплатливо од другите начини на греење.

Благодарение на континуираните вложувања кои значително ја зголемија ефикасноста и заштедите во системот, цената на топлинската енергија за корисниците на БЕГ, во периодот од 2013-та, од кога БЕГ ги поседува лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со толинска енергија, до денеска, вкупно е намалена од 33% до 66%, во зависност од категоријата на потрошувачи.

Заинтересираните граѓани можат и лично да се уверат во исплатливноста и предностите на овој систем преку калкулаторот за потрoшувачка на топлинска енергија, поставен на интернет страницата на Снабдување со топлина Балкан Енерџи (www.beg-snabduvanje.com.mk) кој овозможува секој потрошувач да направи индикативна пресметка и споредба на трошоците за греење на иста загревна површина при користење различни начини за греење.

Покрај индивидуалните придобивки за корисниците, со приклучување на што поголем број потрошувачи кон системот за централно греење се придонесува и за намалување на загадувањето на воздухот во градот Скопје, особено изразено за време на грејната сезона, бидејќи централниот градски систем за греење користи природен гас како гориво, задоволувајќи ги највисоките еколошки стандарди.

Поволностите од оваа акција важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на потрошувачите. Секоја дополнителна интевренција во мрежата и инсталацијата во објектот на корисниците ќе се наплатува согласно ценовникот на БЕГ. По 15-ти септември, а заклучно со 30-ти септември, за повторното приклучување корисниците ќе плаќаат 50% од предвидените трошоци за оваа услуга, а од 1-ви октомври, повторното приклучување ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицајци спречиле велешанец да опожари казино

Редакција

Момче почина од пожар во Тетово

Редакција

Со пиштол се расчистувала сметка во угостителски објект на плоштад Македонија

Редакција